Bikescape.mk е специјализирана интернет продавница за велосипедска облека, опрема и делови.
Како вљубеници во велосипедизмот одлучивме да создадеме уникатна интернет продавница за сите оние кои возат или сакаат да возат велосипед до работа или пак на некоја подалечна авантура. Идеата е да создаме лесен и едноставен пристап до нашите производи со брза и ефикасна велосипедска достава до вашиот дом, да ви заштедиме време кое ќе го искоритите во вашата следна авантура. Bikescape.mk располага со висококвалитетна велосипедска облека и опрема од Полските брендови Radvik и Martes, а за секој проблем со функционалноста на вашиот велосипед имаме на располагање голем избор на делови од Shimano.
Се гледаме на велосипедските патеки.
Пишете ни порака
КОНТАКТ
Доколку имате било какво прашање слободно контактирајте не преку наведениот телефонски број или преку контакт формата.