• Облека
    • Мажи
    • Жени
  • Опрема
    • Ракавици
    • Кациги
    • Ранци/Торби
    • Светла
    • Брзинометри
    • Останато
  • Делови
    • Запчаници
    • Погон
    • Mенувачи
    • Шалтери
    • Предна главина
    • Задна главина
    • Средна осовина
    • Кочници
    • Дискови
    • Ланци
    • Педали
    • Останато
  • Гуми
    • Внатрешни
    • Надворешни
  • Брендови
    • SHIMANO
    • RADVIK
    • MARTES
    • MAXXIS
    • KENDA
    • KROSS
  • Инфо
Сите категории
  • Сите категории

Ве молиме внесете клучен збор за пребарување за да се прикажат резултатите.

  • Најави се / Регистрација
0

0 предмети

Нема продукти во Кошничката.

Врати се во продавница
0.00ден

HomeРекламација

Рекламација

Производот кој се рекламира мора да биде чист, спакуван во кутија, или кеса, а рекламираната грешка мора да биде означена. Нечист – валкан производ нема да се рекламира и решава. БАЈК ЕСКЕЈП ДООЕЛ не превзема одговорност за физички оштетените производи или за производите кои се оштетени со ненаменско користење.

Бидете сигурни дека сите оправдани рекламации ќе бидат прифатени и во зависност од вашите барања ќе Ви бидат вратени парите, заменети или поправени производите.

Пријавата на рекламација, како и деталните информации за правата и обврските на купувачот или продавачот можете да ги побарате на телефон 070 252-515 или со испраќање на рекламационен лист на email адреса contact@bikescape.mk.

Во случај на враќање на производите и враќање на средства на купувачот кој предходно платил со некоја од платежните картички, делумно или во целост, а без разлика на причината на враќањето, БАЈК ЕСКЕЈП ДООЕЛ има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro методите на плаќање, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши одбивање на трансакцијата/враќање на средствата на сметката на корисникот на картичката.

При превземање на пратката потребно е визуелно да го прегледате пакетот да не постојат некои видни оштетувања. Доколку забележите дека транспортната кутија, или кеса е значително оштетена и се сомневате дека производот е оштетен, одбијте го приемот на пратката и веднаш известете нѐ. Доколку испратката наизглед е без оштетувања слободно превземете ја пратката и потпишете му на курирот.

Доколку не сте задоволни од купениот производ, имате право на замена. Доколку купувањето на производот сте го извршиле преку Интернет продавницата, замената на истиот производ можете да ја извршите исклучиво преку Интернет продавницата во рок од 15 дена од приемот на производот.

Доколку сакате да извршите замена на производ кој сте го купиле преку Интернет продавницата, Ве молиме да ни испратите шифра, боја и големина на производот за кој сакате да извршите замена на e-mail contact@bikescape.mk или јавете ни се на телефонскиот број 070 252-515 каде ќе добиете детални инструкции за процедурата на замена.

Нарачаниот производ нема да може да биде заменет ако е носен, оштетен на било кој начин или ако нема закачена етикета.

Доколку по приемот на производот утврдите дека порачаната големина не одговара, имате право на негова замена со приложена фискална сметка. Замената на производот можете да ја извршите во рок од 15 дена од денот на приемот на производот. Во случај на замена на производ купувачот ги сноси трошоците на достава на спорниот артикл до магацинот, како и повторната достава на заменетиот производ од магацинот до адресата.

Враќање на средства

Правилник за постапката и начинот на решавање на рекламација

Член 1.
Според овој правилник Трговецот го утврдува начинот, условите и постапката на решавање на приговорот (рекламацијата) на потрошувачот поради недостаток на купениот производ преку нашиот сајт www.bikescape.mk и овластувања, обврски и одговорности на Трговецот во поглед на остварување на правото на потрошувачот на приговор.

Член 2.
Купувач, во контекст на овој правилник, е секој граѓанин кој преку Интернет на сајтот на bikescape.mk купува производи за лична потреба или за потреба на други.

Член 3.
Купувачот има право на приговор за купениот производ поради настанати недостатоци, во рок од 6 месеци од денот на купување. Со истекот на рокот од став 1 на овој член се губи правото на поднесување на приговор.

Член 4.
Барањето за рекламација може да се достави преку пошта на следната адреса БАЈК ЕСКЕЈП ДООЕЛ, Tome Arsovski 33 Скопје, или на email contact@bikescape.mk. При поднесувањето на барањето купувачот е должен: . – во барањето за рекламација да ги наведе причините за рекламација и посакуваниот начин на решавањето на истата. – производот кој го рекламира да го врати во оригиналното пакување. – да ја достави фискалната сметка .

Член 5.
Купувачот нема право на приговор ако: . – го пропуштил рокот за поднесување на приговор утврден во членот 3 на овој правилник; . – недостатокот на купениот производ настанал по негова вина или по вина на други; . – го купил производот на распродажба; . – купил производ со недостаток по намалена цена; . – ја променил одлуката за изборот на артиклот.

Член 6.
Оправданоста на барањето за рекламација го утврдува овлестениот вработен, и го известува купувачот во рок од 8 работни дена од денот на прием на истото.

Член 7.
Во случај на оправданост на приговорот и негово прифаќање од страна на трговецот, купувачот има право по сопствен избор: . – замена на купениот производ со недостаток за нов исправен производ; . – враќање на платениот износ на цена по приложена фискална сметка ; . – отстранување на недостатокот на производот.

Член 8.
Во случај на враќање на производи и враќање на средства на купувачот, кој предходно ги платил со некоја од платежните картички, делимично или во целост, а без разлика на причината на враќањето, БАЈК ЕСКЕЈП ДООЕЛ, има обврска враќањето на парите да го изврши преку комерцијалните банки, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши враќање на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Член 9.
Овој правилник стапува на сила на денот на донесување.

Продавница за велосипедски делови и опрема која ви овозможува едноставно интернет купување на производи од широкиот асортиман директно од вашиот дом, работно место или мобилен телефон со што заштедувате време и пари.

Информации

  • Политика на приватност
  • Услови за користење
  • Политика за колачиња
  • Испорака и плаќање
  • Рекламација

КОРИСНИЧКА СМЕТКА

  • Моја сметка
  • Листа на желби
  • Нарачки
  • Најави се

КОНТАКТ

  • 070 252-515
  • contact@bikescape.mk

Следете не:

Copyright © Bikescape.mk Сите права се задржани. Поддржано од Visibility Drip

Опции за плаќање:

Друштво за промет, трговија и услуги БАЈК ЕСКЕЈП ДООЕЛ Скопје
ЕДБ: 4058022542209
Матичен број: 7592302

Најави се

Станете дел од нашата заедница!
Registration complete. Please check your email.
Ја изгубивте лозинката?

Create an account

Welcome! Register for an account
The user name or email address is not correct.
Registration confirmation will be emailed to you.
Најави се Ја изгубивте лозинката?

Ресетирај лозинка

Вратете ја вашата лозинка
Испратена е е-пошта за ресетирање на лозинката.
The email could not be sent. Possible reason: your host may have disabled the mail function.
Ќе ви биде испратена лозинка.
Најави се
×